Спуштена завесата на „Бит фест“ 2022
Со концерт на групата „Меморија“ синоќа заврши 14. издание на битолското културно лето „Бит Фест 2022“.
На затворањето на фестивалот, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
-Посетеноста со над 40.000 посетители во изминатите 77 дена е потврда за успехот кој го постигнавме, поаѓајќи од желбата да изградиме еден сосема нов концепт на битолското културно лето, токму онаков како што и доликува на Битола. Реализиравме 140 настани од официјалната програма, меѓу кои 9 фестивали, 64 музички концерти на класична, поп, рок, џез музика, како и музика низ која се слушаше народниот мелос, 10 изложби, 25 филмски проекции, 20 театарски претстави, уметнички перформанси и други настани низ кои се промовираше културното наследство и традицијата. Дополнително, осум фестивалски денови со фестивалот „Браќа Манаки“, Битола го славеше филмот и големите кинематографери, а градот беше еден од најважните фестивалски центри во Европа. Имавме гости од над 15 земји од светот, но истовремено ја негувавме и промовиравме и македонската култура и традиција – рече Коњановски. М.М.
Comentários