top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Спуштена е завесата на седумнаесеттото издание на меѓународниот фолклорен фестивал во Кичево

05.06.2024 Juni Sreda

Со учество на петнаесет фолклорни друштва и ансамбли од земјата и странство, во изминативе два вечери се одржа седумнаесеттото издание на меѓународниот фолклорен фестивал на игра и песна „Д-р Владимир Полежиноски“. Сите друштва учесници на овој фестивал се погрижија да го дадат својот максимум пред бројната кичевска публика, која во двете фестивалски вечери во голем број беше присутна на градскиот плоштад. Културно-уметничките друштва не се штедеа, што беше препознаено од присутната публика која со громогласни аплазузи ги награди нивните настапи.

– Годинешниот фестивал во целост ги оправда очекувањата и сите сме презадоволни од она што беше презентирано на двете фестивалски вечери. На вечерашниот настап нашето друштво се претстави со пејачката група, а фолклористите го изведоа сплетот Ѓурѓовден и беа поддржани од сопствениот оркестар. Овој квалитетен настап е секако препорака да бидеме гости во земјите од каде што беа друштвата учесници на годинешниот фестивал – истакна Младен Ванчоски претседател на КУД  Бисер“ од Кичево.

Убавото време и бројните друштва придонесоа посетеноста на фестивалот од страна на граѓаните на Кичево да биде исклучително голема, и како што самите истакнаа, дека  нивниот град има потреба од вакви настани и нивна препорака беше да ги има се почесто во летниот период.

– Големата посета на двете фестивалски вечери, со над 2.500 гледачи, беше најдобра потврда дека нашите сограѓани се желни за културни настани од секаков вид. Дека интересот беше голем потврди и нивната трпеливост да ја проследат програмата во целост од почеток до крај, независно дали седат или стојат на нозе – истакна Драган Ѓуроски, редовен посетител на културни настани во градот.

За големиот интерес за фестивалот зборува и присуството на една турска телевизија која во целост ја сними програмата на фестивалот, што е добра препорака за локалните друштва да земат учество на некој од бројните фестивали во оваа евроазиска земја.

Овој фестивал протекна во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, а финансиски беше подржан од Министерството за култура. З.А.


1 view

Comments


bottom of page