top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Спринтот на Дарвин со кој постави рекорд во Премиер лигата

Дарвин Нуњез беше стрелец на единствениот гол на натпреварот меѓу Ливерпул и Вест Хем и го реши прашањето околу победникот, но еден негов спринт од првото полувреме влезе и во аналите на Премиер лигата.

Уругвајскиот репрезентативен напаѓач полека влегува во голгетерски ритам и тоа е добра вест за Јирген Клоп и навивачите на Ливерпул, но она што посебно изненади денеска во Англија е анализата која ја доставија статистичарите.

Педантните луѓе кои се занимваат со бројки во англиската елита открија дека Дарвин вчера имал историски брз спринт на стартот на натпреварот против Вес Хем, кога достигнал рекордна брзина од 38 километри на час.

Иако не делува како напаѓач кој се издвојува со стартната брзина, Дарвин очигледно е многу брз кога ќе фати залет, па така вчера го поправил рекордот на Кајл Вокер кој изнесуваше 37,8 километри на час.

Во меѓувреме се појави и видео од импресивниот спринт на Нуњез, со кој н

аправи прв да стигне до топката иако заостануваше во трката со дефанзивците на Вест Хем.



4 views

Comments


bottom of page