top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Спојувањето на „Сони“ и „Зи“ ќе создаде индиски гигант за забава

Индискиот разгранок на јапонскиот конгломерат „Сони“ го финализира договорот со локалниот ривал „Зи“ за формирање на втората по големина мрежа за забава во земјата. Sony Pictures Network India (SPNI) и Zee Entertainment Enterprises (ZEE) го завршија своето спојување и се на пат да станат втора најголема забавна мрежа во Индија според приходите – регионален гигант за содржини што вклучуваат филмови, ТВ и стриминг. Новоспоената компанија ќе биде дом на 75 телевизиски канали, две стриминг-платформи, две филмски студија, студио за дигитална содржина и проширена библиотека. Здржениот ентитет е подготвен да стане главен играч во брзорастечката забавна индустрија во земјата предизвикувајќи ги ривалите, како што е „Хотстар“ на „Волт Дизни“. Индија има над 900 милиони ТВ-гледачи и над 800 канали. Овие канали нудат разни емисии – од спорт, мелодрами до реална телевизија. Според спојувањето, што беше објавено во вторникот, комбинираниот ентитет ќе биде речиси 51 % во сопственост на Sony Pictures Networks India (SPNI). Главниот извршен директор на „Зи“, Пунит Гоенка, ќе застане на чело на „Зи-Сони“ по 90-дневен период на длабинска анализа.



3 views

コメント


bottom of page