„Спотифај“ надмина 600 милиони активни корисници
09.02.2024 Februari Petok
„Спотифај“ го објави својот квартален извештај, а бројките што ги содржи изгледаат ветувачки.
Во изминатите три месеци, популарната платформа за стриминг „Спотифај“ забележа зголемување на бројот на месечни активни корисници за 28 милиони, со што ги надмина очекувањата и ја проби границата од 600 милиони корисници. Тоа е и нов рекорд за шведската компанија.
Приходите во 2023 година изнесуваат 3,7 милијарди евра, што е за 16 отсто повеќе од 2022 година. Оперативните приходи паднаа „во црвено“ поради загуба од 75 милиони евра, но компанијата се пофали дека приходите од реклами достигнале рекордни 501 милион евра.
Вкупниот број од 602 милиони корисници вклучува 236 милиони претплатници на Премиум, а другите се дел од бесплатната услуга што доаѓа со реклами и нема функции како „но шафл“ и можност за преземање музика за офлајн слушање. Бројот на претплатници се зголеми од 205 милиони во четвртиот квартал од 2022 година за 15 проценти.
Финансискиот извештај открива дека „Спотифај“ одржува раст од година на година во сите региони, додека Латинска Америка испорача одлични резултати.
Внатрешните податоци покажаа дека 225 милиони корисници се определиле за „Спотифај врапед“, кампања на крајот на годината што обезбедува персонализирано резиме на навиките за слушање на секој корисник.
Очекувањата за првиот квартал од 2024 година вклучуваат зголемување на корисничката база на 618 милиони корисници, додека бројот на оние што плаќаат за услугата треба да се зголеми за три милиони.
Comments