Спортски земјотрес – Бразил добива скијачка ѕвезда!
Пред неполн месец, спортскиот свет беше изненаден од веста дека 23-годишниот скијач Лукас Братен ја завршува кариерата, и тоа во најдобрите години и во момент кога беше меѓу најдобрите слаломски скијачи на денешницата. Норвежанецот минатата сезона ја освои титулата во Светскиот куп во слалом откако оствари две победи во таа дисциплина, како и една во велеслалом. Братен не ги откри вистинските причини за таквиот потег, а се шпекулираше дека причината за неговото предвремено пензионирање е спорот со Норвешката скијачка федерација. Имено, тој рекламирал опрема на конкурентска компанија на Федерацијата. Рекламирањето други марки се смета за строго забрането во светот на спортот, а токму овој „грев“ можеше да биде фатален за кариерата на познатиот скијач. Сепак, доаѓаат нови вести од светот на скијањето. Некои медиуми пишуваат дека сето ова е игра за јавноста и дека Братен ќе се врати следната сезона, но не под норвешкото знаме. Имено, целото име на споменатиот скијач е Лукас Пинеиро Братен. Неговиот татко е Норвежанец, а мајка му Бразилка. Братен се враќа на снежната патека под знамето на родната земја на мајка си. Бразил, се разбира, никогаш немал сериозен спортист во скијањето и во зимските спортови, а сега би можел да добие еден од најдобрите скијачи на планетата. Дека ова не се празни медиумски шпекулации, сведочат и изјавите на поединечни скијачи како Зубчиќ, Одемарт, Шварц, кои, исто така ,сметаат дека Братен прави само еден медиумски циркус и дека си ја отвора вратата да настапи за татковината на својата мајка.
Comments