Спортистите на ЛОИ ќе бидат следени со ГПС
14.06.2021 Juni Ponedelnik
Организаторите појаснуваат дека системот нема да се користи за следење на нивното движење во текот на престојот, туку податоците би се користеле ретроактивно ако се појават проблеми поврзани со ковид-19
Движењата на спортистите и на новинарите за време на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио ќе бидат следени со ГПС, вели шефот на организацискиот комитет на Летните олимписки игри во Јапонија, Тоширо Муто, пренесе британски „Би-би-си“.
Организаторите појаснуваат дека системот нема да се користи за следење на нивното движење во текот на престојот, туку пред да заминат за настап на Летните олимписки игри во Јапонија олимпијците ќе мора да достават планови за своите активности за време на Игрите и да ја преземат апликација за ГПС-следење по пристигнувањето во Јапонија, која би можела да се користи ретроактивно, ако се појават проблеми поврзани со коронавирусот, пишува „Би-би-си“.
Организаторите развија и прирачник на кој ќе мора да се придржуваат сите учесници во Летните олимписки игри, за настанот да биде што е можно побезбеден.
Comments