Спортист од светска категорија: Ристовски го пречека Рустемовски, државата му осигура конкретна поддршка
28.09.2026 Septemvri Ponedelnik
Рустемовски освои два бронзени медали во неполн месец, бидејќи по одличното издание на Медитеранските игри во Таранто, продолжи да блеска и на Европското првенство во соседна Бугарија.
Македонскиот боксер се врати со бронзен медал од Софија, а на стартот на новата работна недела беше пречекан од министерот за спорт, Борко Ристовски.
Рустемовски беше прогласен за спортист од светска категорија од Министерството за спорт, а си осигура и конкретна државна поддршка во вид на финансии за следните големи предизвици кои следат, но и за остварување на соништата.
– Ален Рустемовски по речиси две децении ја врати Македонија на европскиот боксерски пиедестал.Денеска го пречекав Ален во Министерството за спорт и му честитав за бронзата од Европското првенство во Софија – резултат до кој стигна со три победи и со огромна борбеност.
– Овој резултат му носи и статус „Спортист од светска категорија“, а со тоа и конкретна државна поддршка. Минатата година го прогласивме за најдобар млад спортист. Денес тој покажа дека ова признание заслужено е во негови раце.
– За Ален ова е втор голем медал за неполн месец, по бронзата од Медитеранските игри во Таранто и најдобра потврда за неговиот квалитет, но и за неговата работа, дисциплина и упорност. Ален, честитки за историскиот успех! Македонија верува во тебе и ќе продолжи да стои зад тебе на патот кон нови европски, светски и олимписки предизвици, – гласи објавата на Ристовски.







Comments