„Спорт“: Чави донесе конечна одлука за искусниот фудбалер кој првите два меча ги мина на трибините
Барселона ја стартуваше новата сезона и веќе одигра два официјални натпревари во Ла Лига, но сепак клубот треба да решава неколку непознати до крајот на овој месец, или поточно до 31-ви август. Чави Ернандес најави дека Барселона ќе биде активна на трансфер пазарот до последен час и ќе се гледа како да се засили тимот, но тренерот на Барса сега донел и одлука за играчот кој последните два меча ги мина на трибината. Маркос Алонсо немаше право да настапи за Барса поради тоа што не е регистриран од страна на клубот, а причина за тоа е финанскиот проблем кој втора година по ред прави да не бидат активирани сите играчи кои Чави ги има на располагање. Барса им даде предност на летните засилувања како Гундоган и Ромеу, но иако вчера се појавија силни шпекулации за враќање на Алонсо во Англија, „Спорт“ сега уверува дека тоа нема да се случи. Угледниот каталонски весник тврди дека Чави донел конечна одлука за Маркос Алонсо и му соопштил да остане мирен, бидејќи покрај тоа што ќе го регистрира, има план сериозно да смета на него во новата натпреварувачка сезона.
Comments