Според фановите, Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс беа најдобар пар на наградите „Еми“
23.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Холивудската двојка Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се појавија во софистицирано издание на церемонијата на доделување на наградите „Еми“. 51-годишната Кетрин го привлече вниманието во бургундска креација на Кристина Отавиано и луксузен накит од Лорејн Шварц, а 76-годишниот сопруг носеше темен костум и виолетова вратоврска. Корисниците на Твитер и фановите на актерското дуо се огласија на социјалната мрежа за да ги споделат своите размислувања, а меѓу другото, ги прогласија за најдобар пар кој го украси црвениот тепих на „Прајмтајм Еми 2021“. Кетрин и Мајкл беа беспрекорно елегантни додека позираа пред камерите. Многу од фановите ја предвидеа бојата на фустанот што ќе го облече Кетрин на свеченоста, пренесуваат шоу-биз медиумитe.
Comentarios