top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Список од асови кои се слободни: Играчи кои Јувентус ќе ги „брка“ во 2024 година

Јувентус не игра во европските купови во оваа сезона и целиот фокус му е насочен кон домашните натпреварување, лигата и Купот, титули кои можат да се освојот со оглед на играчкиот каде кој го поседува клубот од Торино.

Секако „бјанконерите“ имаат и проблеми, односно ако се тргнат на страна повредите кои се составен дел, Алегри остана без Николо Фаџоли и Пол Погба, двајца играчи кои требаа да имаа значен придонес на средината на теренот, меѓутоа тие се суспеднирани поради различни причини и долго време ќе ги нема на терените.

Токму порадо ова Јуве ќе се обиде да го искористи зимскиот преоден рок и да доведе некого иако тоа нема да биде лесна мисија. Се споменуваат доста имиња како Родриго Де Пол, Фабијан Руиз…па останува да се види што ќе се случи.

Меѓутоа 2024 година дефинитивно ќе биде година во која Јуве ќе се засили, поточно се пратат повеќе играчи кои можат да пристигнат како слободни агенти по крајот на сезоната.

На листата на посакувани се Тиаго Џало од Лил кого го бараат Милан и Интер, интересен за Јуве како и миланските клубови е и Лојд Кели од премиерлигашот Борнмут.

Алекс Сандро се очекува да си замине, а како иделна замена се гледа Марио Ермосо од Атлетико Мадрид. Тука е Пјотр Зелински кого спортскиот директор Кристијано Џунтоли го познава од времето во Наполи, а на „радарот“ е и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао иако конкуренција за него е жестока со тоа што кога е во прашање Шпанецот тој лесно може да потпише и нов договор со баскијците.


0 views

Comments


bottom of page