top of page
Search

Специјална анализа: Како скриениот јунак на Милан ја читаше играта на Наполи (Видео)

Стефано Пиоли остана горд на неговите фудбалери кои остварија пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, фаза до која стигнаа откако успеаја да го преживеаат „Диего Армандо Марадона“ и реваншот против Наполи.

Милан одигра совршен меч на тактички план и поственоста на играчите беше перфектна на секој дел од теренот, но посебно брилјираа оние во одбраната кои не дозволија гол во мрежата на Мењон се до судиското продолжение.

„Росонерите“ со вкупни 2:1 се пласираа меѓу четирите најдобри, па иако славата првично им припадна на Леао и Жиру кои беа креатори на важниот гол, Пиоли по средбата го истакна и Раде Круниќ.

– Не постојам многу фудбалерите кои можат да ја читаат играта како Раде, без разлика дали е во напад или одбрана. Мора да бидете трпеливи и да се соочите со притисокот, а ние денеска успеавме, – порача Пиоли.

По овие негови зборови, Италијанците направија и целосна анализа на движењето и играта на Круниќ, односно објасника како ги чита акциите на противникот.


2 views
bottom of page