top of page

Спектакл на Ју-Ес Опен: Федерер ги врати годините на „Артур Еш“ и воодушеви со два импресивни бекхенди против Родик

Aug 26
1 min read

26.08.2026 Avgust Sreda

Големите тениски фанови во Њујорк рано утрово можеа да уживаат во вистински спекткакл од кој беа дел четири легенди, а чинот кој главна цел имаше да му се оддаде големо признание на 20-кратниот грен слем шампион, на крајот понуди големо шоу за сите присутни на трибините.

Рожер Федерер доби специјален третман од Ју-Ес Опен и доби шанса да се прости со фановите онака какошто му доликува, па самиот побара друштво да му прават големи легенди како Мекинро, Родик и Агаси.

Швајцарскиот маестро најпрво одигра сингл меч против Родик и го доби стариот ривал со 6:3, а за време на единствениот сет кој го одиграа, Рожер ги врати фановите низ годините и импресионираше со два извонредни бекхенди.

Федерер после сингл претставата одигра ревијален меч и во игра на двојки, каде заедно со Мекинро беа подобри од Родик и Агаси со 7:5.

За Федерер ова претставуваше враќање на „Артур Еш“ после седум години, но ова значеше официјално испраќање за него со оглед на тоа што повредата го оневозможи да доживее аплаузи на отворена сцена во Њујорк кога заминуваше во пензија.


 
 
 

Comments


bottom of page