top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Спектакл за паметење: Ѓоковиќ спасуваше меч топка против Алкарас, па после четири часа го освои Синс

Спектакл за паметење: Ѓоковиќ спасуваше меч топка против Алкарас, па после четири часа го освои Синсинати! (Видео)

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас отворија едно ново ривалство во светскиот тенис, кое како што стојат работите уште некое време ќе ги радува огромните фанови и љубитело на „белиот спорт“.

По импресивната драма која ја имаа на Вимблдон и во која славеше помладиот Шпанец, рано утрово двајцата приредија незаборавна пресметка на Мастерсот во Синсинати, финале кое сигурно ќе се памети уште долго време.

Алкарас беше подобар тенисер во првите два сета и беше поблиску до триумф, но кога се чинеше дека Ноле физички се распаѓа, повторно се врати како феникс како во безброј наврати во својата кариера. Карлос водеше со 7:5 и 4:2 во вториот сет, но тогаш Новак успеа да се рефрешира и почна да го пронаоѓа вистинскиот ритам кој го врати во мечот.

Ноле успеа да се избори за тајбрејк во вториот сет и во овој дел од играта спаси една меч топка, а потоа му припадна последниот поен за 9:7 и го однесе мечот во одлучувачки трет сет.

Србинот подобро отвори и во неколку наврати се закани, па сосема заслужено прв дојде до брејк и сервираше за меч при 5:4. Алкарас не се откажа и спасуваше четири меч топки, но кога се чинеше дека моментумот се врти на негова страна, се дојде до нов заплет.

Третиот сет повторно беше одлучен во тајбрејкот, но најважните моменти му припаднаа на Ѓоковиќ и ја искористи петтата меч топка за 7:4 и огромна победа. Мечот траеше речиси четири часа (3 часа и 49 минути), па Ноле славеше како пред неколку години и ја искина маицата откако ја освои третата титула во Синсинати.



1 view

Comments


bottom of page