Спектакл во Мелбурн: Медведев се врати од работ на бездната, спаси меч топка и се пласираше во полуф
Спектакл во Мелбурн: Медведев се врати од работ на бездната, спаси меч топка и се пласираше во полуфиналето
Данил Медведев само вторпат во својата кариера се врати од негатива од 2:0 во сетови, а тоа го направи оваа вечер во Мелбурн во сензационалното последно четвртфинале на Австралија Опен.
Феликс Оже Алиасим беше подобар и поагресивен тенисер во првите два сета, заслужено ги доби со 7:6 и 6:3, но потоа доживеа огромен шок во четвртиот и петтиот сет, иако имаше огромни шанси за победа.
Медведев изгледаше дека е на работ од бездната на крајот на вториот и на почетокот на третиот сет, но успеа да се извлече и да го освои третиот сет во тајбрејкот, по што беше тениски инфериорен и во добар дел од четвртиот.
Сепак, упорноста на Русинот се покажа како пресудна за неверојатното враќање, во кое спасуваше и меч топка во четвртиот сет при резултат 5:4 за Алиасим. Медведев го поништи овој меч поен со фантастичен сервис, а потоа освои три гејма во низа за 7:5 и 2:2 во сетови.
Клучниот сет одново подобро го започна Канаѓанецот Алиасим, но во вториот гејм не искористи три брејк топки, а потоа го загуби својот следен сервис. Медведев спаси точно шест брејк топки во одлучувачкиот петти сет и на крајот славеше со 6:4, триумф со кој си обезбеди полуфинален дуел со Стефанос Циципас.
Кога е тениската битка и квалитетот во прашање, Медведев и Алиасим го понудија убедливо најдобриот меч во досегашниот тек на Австралија Опен, за што говорат 4-те часа и 42 минути игра, но и двата спектакуларни поени кои ја кренаа публиката на нозе.
Kommentare