top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Спајс грлс“ по 11 години се обединува: Викторија Бекам повторно ќе запее

Пејачката Мел Би ја најави повторната средба на популарниот женски бенд од 90-тите. Таа за „Сан“ не открила детали за проектот на кој работат, но потврдила дека ќе се соберат сите девојки, вклучувајќи ја и Викторија Бекам.

Имено, ова ќе биде нивно прво обединување по 11 години, од нивниот настап на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Викторија Бекам не сакаше да им се придружи на своите колешки на нивната турнеја во Велика Британија во 2019 година, велејќи дека е премногу зафатена со нејзиниот бренд за облека.

Инаку, Мел Би најави дека петте девојки наскоро ќе објават официјална изјава за нивниот таен проект, на кој во моментов посветено работат.

На прашањето како ја убедиле Викторија да се врати, пејачката објаснила дека не било проблем ја убедат, бидејќи тие постојано се во контакт. Но, знаат дека Викторија е навистина во последниве години е зафатена со својата модна линија и посветена е на фамилијарниот живот.

Иако пејачката Мел не сакала да ги открие деталите за проектот, британските медиуми веќе шпекулираат дека се работи за голем концерт во Гластонбери.



0 views

Comments


bottom of page