top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Спалети откри дали Осимен ќе игра на реваншот против Милан

Лучијано Спалети беше лут на главниот судија на натпреварот со Милан и на сопствените навивачи кои подолго време водат „војна“ со клубот, атмосфера која прави играчите да се чувствуваат доста некомотно кога играат на домашен терен.

Поради тоа, тренерот на Наполи се закани дека ќе ја напушти клупата на реваншот против Милан во четвртфиналето доколку тифозите организираат нова протестна нота и направат пеколна атмосфера за своите фудбалери, но во долгите обраќања кои ги имаше за повеќе италијанските медиуми, откри и какви се шансите на Виктор Осимен да стои на располагање на клучниот меч.

Нигериецот се повреди во достса лошо време и првите препоставки беа дека ќе игра на мечот на „Сан Сиро“, но сепак проблемите излегоа посериозни и вчера не беше во тимот на Спалети.

Искусниот стручњак вели дека тоа нема да биде така на вториот натпревар, односно потврди дека напаѓачот ќе биде оспособен за настап на реваншот на „Диего Армандо Марадона“.

– Со Осимен ситуацијата е јасна, шансите да настапи се 100 проценти. Целата програма врз него одеше во таа дирекција. Планот беше да не игра на „Сан Сиро“, да не го ризикуваме против Верона претстојниот викенд, а тоа време ќе биде доволно докторите да си ја завршат работата и тој да игра на реваншот, – изјави Спалети.


1 view

Comments


bottom of page