top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Спалети го потврди заминувањето од Наполи, но и планот за наредната сезона


Лучијано Спалети ќе ја заврши соработката со калчолигашот Наполи и тоа со стил со оглед на тоа што во Неапол ја врати титулата која беше недостижна повеќе од три децении. Спалети водејќи го тимот успеа да го освои Скудетото, ама и тоа не се покажа како доволно за да се надминат некое недоразбирања кои ги имаше со првиот човек Аурелио Де Лаурентис по што беше одлучено дека е време за разделба. На оваа тема говореше Де Лаурентис, а сега кратко се огласи и италијанскиот стручњак кој воедно го откри и планот за наредната сезона, година. -Понекогаш, иако со многу љубов, мораш да си заминеш. Сега не сум подготвен да му го дадам на Наполи тоа што го заслужува. Морам да одморам. Се чувствувам уморно. Морам малку да се исклучам. Нема да бидам тренер на Наполи или на било која друга екипа. Ќе се одморам една година, -порача Лучијано.


0 views

Comments


bottom of page