top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

СП во атлетика: Паулино испиша историја, делба на златото во скок со стап

Денешниот натпреварувачки ден на СП во атлетика што се одржува во Будимпешта донесе нови бројни возбудувања. Марилејди Паулино од Доминиканската Република испиша историја како прва атлетичарка од оваа земја што стигнала до мундијалско злато откако беше најбрза на трката на 400 метри. Паулино ја мина делницата за време од 48,76 секунди, речиси цела секунда побрза од „сребрената“ Наталија Качмарек од Полска (49,57), додека третото место и бронзениот медал припаднаа на Сада Вилијамс од Барбадос со време од 49,60 секунди.

Најнеизвесно беше натпреварувањето во скок со стап во женска конкуренција, во кое првото место го поделија Нина Кенеди од Австралија и Кејти Мун од САД. Двете имаа најдобар скок од 4,9 метри и идентичен број на обиди, па на крајот се закитија со златни медали, додека бронзата ја освои Мурто од Финска, со иста прескокната височина, но од повеќе обиди.

Британецот Џош Кер стигна до златно одличје на трката на 1.500 метри, откако успеа да ја мине делницата за 3:29,38 минути, што воедно е и негово најдобро време годинава.


1 view

Comments


bottom of page