СП 2030 ќе се игра во шест земји, првите три натпревари планирани за во Јужна Америка
- Aleksandar Santovski
- Oct 4, 2023
- 1 min read
ФИФА донесе интересно решение во однос на организаторите на Светското првенство во 2030 година, па мундијалот ќе се одржува на три континенти, односно во шест различни земји.
Шпанија, Португалија и Мароко ќе бидат домаќини на СП 2030, но ФИФА реши првите натпревари да се одиграат во Аргентина, Уругвај и Парагвај.
Одлуката да се делоцираат дел од натпреварите во Јужна Америка е за да се обележи 100-годишнината од првото СП, кое се одржало во Монтевидео, Уругвај.
Светската фудбалска федерација најави дека за СП 2034 ќе бидат разгледувани понуди за организација само од Азија и Океанија, а главен фаворит за домаќин на тој мундијал е Саудиска Арабија.
Денешните одлуки ќе бидат потврдени на ФИФА конгресот следната година, но не се очекуваат некакви промени.

Comments