top of page

СП 2026: Шпанија без проблеми до осминафиналето

03.07.2026 juli Petok

Лос Анџелес – Репрезентацијата на Шпанија без поголеми напори стигна до осминафиналето откако синоќа ја совлада Австрија со 3:0. „Црвената фурија“ на тој начин ја потврди фаворитската улога.

По иницијативата што ја имаа репрезентативците на Шпанија поведоа со голот на Микел Ојарзабал во 36.минута. Водството Шпанците го зголемија кон средината на вториот дел, а стрелец во 66.минута беше Педро Поро. Конечните 3:0 ги постави Ојарзабал со својот втор гол на натпреварот во 89.минута.

Шпанија во осмина финалето ќе игра со победникот од дуелот Португалија – Хрватска што се играше во Торонто со почеток во 01 часот по полноќ.

Во третиот натпревар од денешната програма во Ванкувер ќе играат Швајцарија и Алжир.


 
 
 

Comments


bottom of page