top of page

СП 2026 Фудбал: Германија го декласираше дебитантот Курасао

15.06.2026 Juni ponedelnik

Во воведниот натпревар од групата Ф на Светското фудбалско првенство, Германија вечерва ја оправда улогата на голем фаворит и убедливо го совлада дебитантот на мундијалските турнири Курасао со 7-1.

Нмеча им донесе рано водство на Германците во 6 минута, но Комененција со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го израмни резултатот во 21 минута за еуфорична прослава на навивачите на Курасао на стадионот „Енерџи“ во Хјустон.

Германија брзо се врати во ритам и до крајот на полувремето поведе со 3-1 со головите Шлотенберг (38) и Хаверц (45+5, пенал).

По само две минути игра во вториот дел, Мусијала зголеми на 4-1, а во 68 минута Германија поведе со 5-1 со голот на Браун.

Германците продолжија во исто темпо и откако Ундав биеше прецизно за 6-1 во 78 минута, Хаверц со својот втор гол на натпреварот го постави конечниот резултат десет минути подоцна.

Во вториот натпревар од првото коло во групата Ф вечерва со почеток во еден часот по полноќ ќе играат Еквадор и Брегот на Слонова коска.


 
 
 

Comments


bottom of page