top of page

СП 2026: Куман разочаран по ремито со Јапонија

15.06.2026 juni ponedelnik

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Роналд Куман, не е задоволен од нерешените 2:2 на неговите избраници на дуелот со Јапонија во првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година.

– Треба да се подобруваме како што напредува турнирот. Треба да играме подобро. Секако, би претпочитале да го добиеме првиот натпревар и очекувавме да го сториме тоа затоа што двапати водевме. Тоа не се случи, но тоа не значи дека сега мислиме дека не бевме доволно добри. Мислам дека имаше доста позитивни моменти во натпреварот, така што има само простор за подобрување. Во првото полувреме, Јапонија не направи притисок, можеби од респект или страв, но откако примија гол, успеаја да го сторат тоа. По водството, нашата одбрана почна да се мачи. Разочаран сум што не победивме, но тоа е затоа што двапати водевме. Многу луѓе ја потценуваат Јапонија, но ќе го кажам повторно, ако ги потцените, ќе имате проблем, изјави Куман за ЕSPN.

Холандија ќе игра против Шведска во второто коло на 20 јуни. 

Во Ф-групата по првото коло лидер е Шведска со три бода, Јапонија и Холандија имаат по еден, Тунис е последен без бодови.


 
 
 

Comments


bottom of page