Search
СП 2026: Австрија го победи Јордан
- Aleksandar Santovski
- Jun 18
- 1 min read
18.06.2026 juni cetvrtok
Австрија рано утрово го победи Јордан со 3:1 во првото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година.
Австријците поведоа со голот на Романо Шмид во 21. минута. Јордан израмни во 50. минута преку Али Олван. Автоголот на Јазан Ал-Араб во 77. минута донесе ново водство за фаворитот. Победата ја потврди 37-годишниот Марко Арнаутовиќ од пенал во 90+12.минута.
По првото коло, Австријците се втори во групата Ј со три бода, зад Аргентина со по три бода. Јордан и Алжир се без освоен бод.
Во второто коло, Австрија ќе игра против Аргентина на 22 јуни, Јордан против Алжир на 23 јуни.






Comments