Софија Вергара снима сцени од новата серија „Гризелда“
Софија Вергара во четвртокот попладне во Лос Анџелес снимаше сцена од претстојната лимитирана серија на Нетфликс „Гризелда“. 49-годишната актерка беше речиси непрепознатлива бидејќи носеше неколку протези на лицето што ѝ помогнаа да се трансформира во починатата колумбиска наркокралица Гризелда Бланко. Серијата е инспирирана од вистинска приказна за Бланко и начинот на кој започна трговија со дрога од Колумбија до својата база во Мајами. „Особините на посветена мајка и смртоносниот микс на шарм и незамисливо дивјаштво ѝ помогнаа да го најде патот меѓу семејството и работата, поради што стана нашироко позната како ‘Кума’“, се наведува во описот на серијата за кралицата на дрогата. Вергара, која воедно е и извршен продуцент на серијата, во една пригода рече: „Нејзината немилосрдна, но генијална тактика ѝ овозможи да владее со империја вредна милијарда долари многу години пред најозлогласените кралеви на дрога за кои сме слушнале.“
Comments