Search
Состав за дуелот со Грузија: Македонија тргнува со Ристовски и Миовски во нападот
Македонската фудбалска репрезентација од 18 часот гостува кај Грузија во претпоследниот натпревар од актуелното издание на Лигата на нации, а избраниците на Благоја Милевски ќе се обидат да му се реваншираат на противникот кој славеше во Скопје.
УЕФА ги објави составите за дуелот Грузија-Македонија, а селекторот Милевски се одлучи за формација со двајца напаѓачи.
Очекувано на голот е Димитриевски, додека пред него во дефанзивниот ред се стоперите Зајков, Муслиу, и Велковски.
Во средниот ред ќе настапат Алиовски, Ашковски, Спировски, Барди и Елмас, додека улогата на напаѓачи ќе ја имаат Милан Ристовски и Бојан Миовски.
Грузијците во нападот ќе сметаат на своите најдобри фудбалери, Кварацхелија и Давиташвили.
Comentários