Сопругата на Линделоф со детали за неговата состојба: Страшно, чекаме одговори…
Сопругата на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф откри како се чувствувал стоперот откако беше заменет на натпреварот против Норвич кој „ѓаволите“ го добија со 1:0.
Швеѓанецот поради болки во градите беше заменет од Ерик Баи, а во јавноста веднаш се појавија информации дека играчот има проблеми со срцето, нешто што е многу често меѓу фудбалерите во последно време.
По немилиот настан со Кристијан Ериксен, па и се поизвесниот крај на кариерата на Кун Агуеро, меѓу фудалерите и нивните семејства се влеа страв поради се почести срцеви заболувања кај прфесионалните игрчаи.
Сопругата на Линделоф, Маја, истакна дека целиот овој период од неколку дена бил многу страшен и изгледал доста долг за неа и нејзиното семејство.
– Беше страшно да се гледа, а после тоа Виктор беше навистина загрижен. Вчера имаше многу тестови и имаше апарат со кој му се следеше срцето за да бидеме сигурни дека се е во ред.
– Засега изгледа дека се ќе биде во ред, ако имаме среќа, а во моментов чекаме на одговори по финалните тестирања, -изјави Маја Линделоф.
Comments