top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Сонот на Ташковски“ – едукативни разгледувања за деца на ретроспективната изложба на македонскиот л

„Сонот на Ташковски“ – едукативни разгледувања за деца на ретроспективната изложба на македонскиот ликовен уметник„Сонот на Ташковски“ се насловени кураторските едукативни разгледувања на ретроспективната изложба на големиот македонски ликовен уметник кои се одвиваат секоја сабота во Даут пашиниот амам во месец декември.

Станува збор за тури наменети за деца од 6 до 16 години, кои во текот на 90 минути нудат можност за уживање во фантастичниот свет на Ташковски. Идејата е децата преку прашањата од водичот Бојана Јанева да сe поттикнат да ја доживеат сликата преку нивната фантазија.

„Светот на Ташковски е преполн со ликовни детали, слики во слики, кои будат најразлични приказни во детските (и не само детски) глави. Уметниковиот надреален, (да, ќе го научат и тој збор) сонишен печат ќе им го разбранува мозокот, ќе ги натера да мислат на природата, бродовите, синото небо, вселенските бродови и човекот. Боите, формите, текстурата, линијата, композицијата ќе се забележат и поврзат во една нивна приказна, различна кај секое дете. На турата, Бојана Јанева ќе биде придружена и преведувана од Агнеса Чаволи од Националната галерија на Македонија, за децата на мајчиниот албански јазик да ги восприемат делата на Ташковски. И сите деца заедно преку своите одговори за тоа што гледаат на сликите ќе учат како се гледа уметничко дело и од што се гради сликата, а и соживотот во пракса. Но, овојпат децата ќе имаат можност активно да го доживеат светот на авторот“, велат од Институтот за култура и уметност „Арс акта“, организатори на овој проект насловен „Најново нормално декември“ што се реализира во соработка со НГМ.

Инаку, заради големиот интерес, изложбата „Ретроспектива на Ташковски“ во Даут пашин aмам ќе биде отворена до 15 јануари, а според НМГ, досега ја погледнале рекорден број посетители. Се очекува и второ издание на каталогот за изложбата.



1 view

Comments


bottom of page