top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Солскјер со позитивни вести, двајца од првотимците се вратија на целосни тренинзи, и Рашфорд наскоро

16.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер сподели позитивни вести во поглед на составот од кој отсуствуваат неколку протимци.

Норвежанецот потврди дека на целосни тренинзи се вратиле Скот Мектомини кој игра важна улога во тимот, како и Алекс Телеш кој не добива голема минутажа откако Лук Шо ја почувствува неговата конкуренција и ја подигна својата игра.

– Скот и Алекс се придружија на целосните тренинзи и тие изгледаат навистина добро. Секако дека им се потребни уште неколку тренинг сесии за да сметаме на нив, -изјави Солскјер.

Позитивни вести стигнуваат и околу Маркус Рашфорд од кого навивачите очекуваат многу, посебно сега по пристигнувањето на Кристијано Роналдо.

Младиот офанзивец започнал со полесни тренинзи во базата на клубот и се очекува наскоро тој да се врати на целосните тренинзи и со тоа да се стави на располагање на Оле Гунар Солскјер.


1 view

Comentarios


bottom of page