Солскјер е убеден: Човек со принципи, сигурно ќе биде тренер на Јунајтед!
Оле Гунар Солскјер доби доволно време за да направи нешто повеќе во Манчестер Јунајтед, но неговиот мандат не мина онака како што се очекуваше и најдобар факт за тоа е што клубот не освои ниту еден трофеј од 2018 до 2021 година.
Меѓутоа Оле направи доста како играч за Јунајтед, па неговиот збор сигурно ќе има тежина и во иднина кога е во прашање англискиот великан. Токму Норвежанецот даде една прогноза за иднината, поточно за човекот кој според него сихурно ќе седне на клупата на составот од Манчестер.
Солскјер верува дека Мајкл Керик има се што е потребно за да биде на чело на некој проек на „црвените ѓаволи“ во блиска или подалечна иднина.
-Мајкл е човек со вредност и принципи, голем семеен човек, а неговото знаење е исто така големо. Тој ги имаше Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо како менаџери и играше со најдобрите играчи во светот.
-Тој е победник, но сè уште ги контролира своите емоции. Не можам да видам да не е тренер на Манчестер Јунајтед. Во Јунајтед, го гледав Мајкл како разговара со играчите. Некои од овие беа негови поранешни соиграчи што не не е лесно, но тој имаше авторитет над нив, -истакна Оле за „Атлетик“.
Керик играше за Јунајтед 12 години, потоа беше асистент, кратко и го водеше истиот како привремен менаџер. Сега е главен во Мидлзброу, тим со кој преку плејофот во Чемпионшип ќе се обиде да влезе во Премиер лигата.
Comments