Соиграчот на Антиќ чекаше 17 години, но конечно ја дочека толку посакуваната НБА титула
18.06.2024 Juni Vtornik
Бостон во финалето покажа дека е за класа подобар тим од Далас и со конечни 4:1 стигна до нова НБА титула, прва по пауза од 16 години за најобрата франшиза во историјата на американската кошарка.
Селтикси со утринската победа го минаа Лејкерс на вечната листа и сега имаат 18 трофеи во НБА лигата, а за огромен дел од играчите на Бостон ова беше прв шампионски прстен.
Убедливо најмногу обиди имаше поранешниот соиграч на Перо Анти, Ал Хорфорд, кој после безброј обиди и 17 сезони минати во најсилното друштво, дочека шанса да го подигне најпрестижниот трофеј.
Ветеранот стигна до посакуваниот прстен на 38-годишна возраст и уште еднаш покажа дека трудот на крајот носи резултат, бидејќи тој до денеска беше еден од играчите со најмногу плејоф натпревари кои останале без трофеј.
Ал Хорфорд се тргна од споменатата црна листа и стигна до трофејот во 186-от настап, а сега најголеми лузери од активните играчи се Џејмс Харден со 166 меча без трофеј, како и Крис Пол со 149.
– Ова беше навистина долго патување за мене и вложив преголем труд. Многу сум горд што сум дел од овој тим на Бостон. Не можам да поверувам дека го направивме тоа. Ова е тоа што го посакував, да ја освоиме титулата пред нашите гледачи во „Ти-Ди Гарден“. Почувствував дека има нешто посебно во оваа сала, – изјави Ал Хорфорд, играч кој ја делеше соблекувалната со Антиќ во Атланта.
コメント