top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Соиграч на Лазаров ќе го засили ривалот ПСЖ

Европските ракометни клубови традиционално уште во текот на сезоната ги објавуваат трансферите за претстојното лето, а ПСЖ потврди свој адут на десната крилна позиција.

Се работи за Давид Балагер, актуелниот член на Нант и соиграч на нашиот Кире Лазаров, кој следната сезона ќе ја игра во ривалскиот тим од Париз.

Балагер ќе го замени Беноа Кунку, кој пак дефинитивно се сели во Полска, односно во редовите на Виве Кјелце.

Шпанското крило дојде во Нант од Барселона во 2015 година, а досега има постигнато 909 голови во дресот на актуелниот тим.

Во новиот тим, Балагер меѓу другите ќе соработува со уште едно шпанско крило во Феран Соле, а од клупата ќе го води неговиот сонародник Раул Гонзалес.


3 views

Comments


bottom of page