Search
Совршениот Хашимото со злато во повеќебојот
Јапонецот Даики Хашимото го освои златото во повеќебојот во гимнастика откако беше речиси совршен на вратилото.
19-годишниот тинејџер е вистински наследник на јапонскиот великан Кохеи Учимура, шампионот од повеќебој во 2012 и 2016, кој реши да не ја брани титулата во Токио.
Кинезот Ксијао Руотенг беше најдобар пред последната ротација, но Хашимото со одличната претстава на вратилото освои 88.465 поени за победа пред кинескиот ривал со 88.605, а трет беше Русинот Никита Нагорниј со 88.031.
Comments