top of page

Совршен зимски стајлинг: Оливија Палермо на прошетка во Њујорк

08.03.2021 mart ponedelnik

Таа стана славна личност благодарение на популарното реалити-шоу The City („Градот“) кое почна да се емитува на „Ем-ти-ви“ во 2008 година. И повеќе од една деценија подоцна Оливија Палермо таа слава ја искористи како моден инфлуенсер и популарна блогерка која поставува модни трендови. Во четвртокот таа беше забележана како ги покажува своите модни акредитиви на секојдневна прошетка во Њујорк во џемпер во боја на камила и син капут – урбана и гламурозна икона на стилот – коментираат таблоидите. Каде и да оди, на прошетка или на модна свеченост, таа секогаш изгледа беспрекорно. Модната инфлуенсерка (35), која ја нарекуваат модна икона на денешницата, е основачка на групацијата „Оливија Палермо“. Палермо е едно од најфотографираните лица во светот на модата и важи за трендсетерка чиј стил го копираат илјадници девојки од целиот свет. Има над 6.5 милиони следачи на социјалните мрежи и редовно објавува тренди облека, дизајнерски креации и лајфстајл-производи. Нејзиниот моден стил одушевува поради урбаната елеганција и умешното спојување на различни стилови.


 
 
 

Comments


bottom of page