Search
Со црвени рози пречекани маратонците, кои по 17-ти пат од Нова Градишка трчаа до Крушево, во чест на нашиот никогаш непрежален ангел (ВИДЕО)
17.20.2024 Oktomvri Cetvrtok
По седумнаесетти пат крушевчани, вчера со рози ги пречекаа маратонците што од Нова Градишка трчаа до Крушево, во чест на Тоше Проески.
Крушевчани ги пречекаат маратонците со црвени рози и многу сеќавања. Пред 17 години, на 16 октомври 2007 година, Тоше го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска.
Фановите и бројните почитувачи на делото на Тоше и овојпат беа на Гумење. Ги имаше од Македонија и од други земји, а го посетија и спомен домот на нашиот никогаш непрежален ангел.
Како изгледаше Крушево, најдобро ќе видите од видеото на “Фан продукција” на Зоран Пилоски во продолжение:
Σχόλια