top of page

Со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови

Oct 2
1 min read

02.10.2026 Oktomvri Petok

проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Цаи Шангџун, вечерва од 20 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови кој до 13 октомври ќе се одржува во Скопје, Битола, Куманово, Велес и Кочани. Фестивалот ќе понуди избор од современи кинески играни, документарни, анимирани и кратки филмови, а неговата цел е да ја доближи современата кинеска кинематографија до македонската публика преку приказни за семејството, личниот избор, секојдневниот живот, имагинацијата и традицијата. 

„Сонцето изгрева над сите нас“ годинава беше дел од официјалната конкуренција на Венецискиот филмски фестивал, каде актерката Син Жилеи ја освои наградата „Волпи куп“ за најдобра актерка.


 
 
 

Comments


bottom of page