Со филмот “Вистината“ вечерва стартува 76. филмски фестивал во Венеција
Со првата европска продукција на јапонскиот режисер Хироказу Корееда филмот „Вистината“ вечерва стартува 76. издание на филмскиот фестивал во Венеција.
Во филмот глумат Кетрин Денев, Жулиет Бинош и Итан Хок, а ова остварување е и во главната натпреварувачка програма.
За „Златен лав“ ќе се натпреваруваат вкупно 21 филм, меѓу кои „Џокер 2“ на режисерот Тод Филипс, со Хоакин Феникс повторно во улогата на поранешниот непријател на Бетмен, „Пералната“ на Стивен Содерберг со Мерил Стрип, Гери Олдман и Антонио Бандерас, „До ѕвздите“ во кој Бред Пит глуми астронаут, „Приказна за бракот“ на режисерот Ноа Баумбак со Адам Драјвер и Скарлет Јохансон, како и филмот на Роман Полански, „Јас обвинувам“…
Надвор од натпреварувачката програма е премиерата на Шекспировата драма „Кралот“ со Тимоти Шалејм како крал Хенри Петти и Роберт Патинсон во споредна улога, како и ТВ серијата „Новиот папа“ во режија на Паоло Сорентино.
Филмскиот фестивал во Венеција ќе трае до 7 септември.
Comments