top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Со „Танец“ почнува Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Традиционално, со настап на ансамблот „Танец“, утре ќе почне 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на центарот за култура „Григор Прличев”.

На сцената на Долни Сарај, до 11. овој месец, љубителите на фолклорот ќе имаат можност да гледаат настапи на ансамбли и на културно-уметнички друштва од нашата држава, но и од Албанија, Србија, Словачка, Босна и Херцеговина.

Најстарата фолклорна манифестација на Балканот се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а ќе ја отвори потпретседателот, Горан Мисовски.


2 views

Comentarios


bottom of page