top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Со рекордниот трофеј Ѓоковиќ ја засили кандидатурата за најдобар на сите времиња

Updated: Jul 13, 2021

12.07.2021 Juli Ponedelnik

Новак Ѓоковиќ го освои рекордниот 20-ти гранслем трофеј со кој се изедначи со неговите најголеми ривали Роже Федерер и Рафаел Надал и ја засили својата кандидатура за најдобар тенисер на сите времиња. Првиот светски рекет славеше против Италијанецот Матео Беретини со 6-7, 6-4, 6-4 и 6-3 по сетови во финалето на Вимблдон за да стигне до посакуваниот резултат.

– Тоа би значело сѐ. Затоа сум тука. Тоа е причината поради која играм – кажа Ѓоковиќ во пресрет на финалето, зборувајќи за можноста да дојде до рекордот.

Походот на српскиот тенисер на гранслем-трофеите почна во 2008 година на Австралија опен, а оттогаш триумфираше уште осум пати во Мелбурн, двапати на Ролан Гарос, шестпати на Вимблдон и трипати на САД опен.

Ѓоковиќ има можност сезонава да комплетира т.н. „златен слем“, доколку успее да ги освои сите четири гранслем турнири (му преостанува уште САД опен) и златниот медал на претстојните Летни олимписки игри во Токио. Ваквиот подвиг досега не му успеал на ниту еден тенисер, додека кај дамите тоа го стори легендарната Германка Штефи Граф во 1988 година.


1 view

Comments


bottom of page