top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Со проектот „Сега“ отворен македонскиот павилјон на Биеналето во Венеција

Со претставување на проектот „Сега“ на Бирото за проектирање – БИНА во палатата „Зорци“, седиште на УНЕСКО во Венеција, денеска официјално е отворен македонскиот павилјон на 17. Биенале на архитектура во Венеција.

Куратори на проектот се архитектот Бекир Адеми и универзитетскиот професор Јордан Шишовски, а покровител на изложбата е Министерството за култура.

Проектот „Сега” ја зема предвид состојбата на итност за промени во општеството и открива два аспекта на просторно-временското суштествување – потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината. Концептот е дрвена композиција составена од дрвени елементи меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура, архетипизирана рамка, асоцијација на куќа, дом и засолниште.

По повод отварањето на павилјонот, со видео порака се обрати министерката за култура Ирена Стефоска која порача дека македонските уметници ја имаат целосно нејзината поддршка и им посака проектот да привлече големо внимание.

– ПОГЛЕДОТ НА КРЕАТИВНИОТ СВЕТ ВО МОМЕНТОВ Е НАСОЧЕН ТОКМУ КОН ВЕНЕЦИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАВИЛЈОН ГО КРАСИ ВАШАТА ВИЗИЈА КОЈА, ПОВТОРНО ЌЕ РЕЧАМ, УБЕДЕНА СУМ ДЕКА ГО ДАВА ОДГОВОРОТ НА ТЕМАТСКОТО ПРАШАЊЕ НА ОВА БИЕНАЛЕ: „КАКО ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО?, РЕЧЕ СТЕФОСКА.

На отворањето на македонскиот павилјон се обрати и Матео Росати, претставник на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција, кој посочи дека не е првпат канцеларијата на УНЕСКО да биде домаќин на националниот павилјон на Северна Македонија во рамки на Биеналето во Венеција и нагласи дека годинашната изложба е првиот голем меѓународен културен настан повторно отворен за време на пандемијата.

Комесарот на проектот, Дита Старова-Ќерими го оцени денешниот настан како ретка можност за достоинствено претставување на земјава на една од најпрестижните манифестации која традиционално се одржува во Венеција.

– И ПОКРАЈ СВЕТСКАТА ПАНДЕМИЈА КОЈА НА ГЛОБАЛНО НИВО НИ ДОНЕСЕ МНОГУ ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ, ИСТРАЈНОСТА НЕ ОХРАБРИ И ДОНЕСЕ ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА ИМАМЕ ПРОЕКТ КОЈ КОРЕНСПОНДИРА НА ПРАШАЊЕТО „КАКО ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО”, ИСТАКНА СТАВРОВА-ЌЕРИМИ.

До крајот на ноември, архитекти и ентузијасти од целиот свет во Венеција ќе ги претстават своите дела. 17-то Венециско биенале на архитектурата се случува со одложување од една година, заради поместувањата кои ги предизвика Ковид-19. Организацијата на традиционалните локации Џардини, Арсенале и останатите локации низ Венеција е на највисоко ниво и според КОВИД 19 протоколите, а посетителите со во значително намален број. Годинава, Биеналето вклучува 112 учесници од 46 земји, со делегации од Африка, Латинска Америка и Азија и со широко женско претставување. Македонија во континуитет од 2004 година се претставува на оваа најпрестижна манифестација.


1 view

Kommentarer


bottom of page