top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Со осмиот „Новогодишен турнир“, Металург ја негува ракометната традиција

Салата „Автокоманда“ во Скопје вчера беше собиралиште за најмладите членови на Ракометната академија Металург, кои беа дел од осмиот традиционален „Новогодишен турнир“.

Дел од годинешното издание на турнирот беа дечињата од школите од Автокоманда, Ново Лисиче и Аеродром од Скопје, школата на Металург од Кичево, Бисинов од Велес и Кузман Вардар – Илинден.

Турнирот беше поделен на две категории – голем ракомет и мини-ракомет, а екипите беа мешани, машки и женски заедно.

Сите натпревари беа од пријателски карактер и не се водеше резултат, затоа што на крајот сите беа победници.

Ракометната забава заврши со дружба со Дедо Мраз, кој како и секоја година на децата им подели новогодишни пакетчиња.



1 view

Comments


bottom of page