Со научната конференција „Синтези: Рацин и Конески“ започнуваат „58. Рацинови средби“
Во Велес, градот на поетот и револуционер Коста Солев Рацин утре претпладне во 10 часот со Меѓународната научна конференција „Синтези: Рацин и Конески“, започнува програмата на годинашната манифестација „58. Рацинови средби“ која секоја година се одржува во негова чест.
Во тие рамки ќе бидат промовирани научни дела испечатени во периодот меѓу две конференции, а организатори се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот за македонски јазик при Владата на Македонија и Општина Велес.
Попладнето ќе бидат посетени двата споменика на Рацин во Велес, а ќе бидат засадени и млади садници во Шумата на Рацин кај Спомен костурницата од НОВ, каде меѓу останатите борци се и наоќаат и посмртните останки на Коста Солев Рацин.
Свеченото отворање на Рациновите средби е утревечер во 19 часот во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот“ каде Беседа за Рацин ќе одржи проф д-р Атанас Вангелов. Исто така, ќе се одржи и традиционалниот Меѓународен поетски митинг. Вечерта ќе биде заокружена со Вокално-инструментален концерт на НУ Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.
Програмата продолжува во сабота со традционална посета на Спомен куќата на Рацин, каде ќе биде промовирана збирка поезија на млади македонски поети.
Свеченото затворање на „52. Рацинови средби“ е во сабота вечер кога ќе бидат претставени портретите на годинашниот добитник на Почесното Рациново признание за 2021 Ала Генадјевна Шешкин и на Рациновото признание за 2021 Милован Стефановски и ќе бидат врачени наградите.
Програмата на годинашните “58. Рацинови средби“ ќе заврши во недела на 13 јуни со традиционалната посета на местото на погибјето на Рацин во Лопушник кичевско, а во таа чест ќе се одржи и Марш за Рацин.
Организатор на Рациновите средби е Општина Велес под покровителство и со поддршка на Министерството за култура.
Commentaires