top of page

Со настап на ансамблот „Exploding Star Orchestra“ предводен од Роб Мазурек стартува 41. Скопски џез

Вечерва се отвора 41. Скопски џез фестивал со ексклузивниот настап на ансамблот „Exploding Star Orchestra“ предводен од прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек.

-Ова е единствениот концерт на оркестарот во Европа (покрај оној во Лисабон летово) со актуелната инкарнација на Exploding Star Orchestra, заслужна за ремек-делото „Dimensional Stardust“ од 2020 година, којшто специјално за оваа прилика ќе биде збогатен со извонредниот 20-член камерен оркестар на Fames – European Orchestral Performing Institute. Овој многуброен музички ансамбл на сцената на Националната опера и балет од 20 часот ќе изведе, покрај материјал од спомнатиот албум, и дело специјално напишано за оваа прилика од страна на Роб Мазурек, соопштуваат организаторите.

Програмата натаму продолжува во МКЦ, кадешто ќе музицира скопското инструментално џез-трио „Zulu 3.4“, со почеток во 23 часот. Претходно, ќе им биде врачена наградата „најдобар млад македонски џез состав“, односно на сите негови членови подеднакво: Дамјан Даневски (тапани), Марио Симоновски (гитара) и Мартин Џорлев (клавијатури). „Станува збор за традиционална награда што Скопскиот џез фестивал ја доделува веќе шест години по ред. Тие годинава ја освојуваат наградата сосема заслужено, со оглед дека својот уникатен, оригинален звук, присутен на нивните три албумски објави, успешно го изнесоа на бројни домашни и странски концертни подиуми, освојувајќи искрени симпатии кај музичките новинари и публиката“, додаваат организаторите.


 
 
 

Commentaires


bottom of page