top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Со концерт на „Ју-ту“ во септември се отвора најмодерната концертна сала во Лас Вегас

Лас Вегас – Технолошко-забавните компании „МСГ“ и „Сфер ентертејнмент“ почнаа со тестирање на салата „Сфер“, што ќе има 17.600 седишта и најсофистицирани концертни ефекти.

Изградбата на куполата почна во 2019 година, а пандемијата и технолошката сложеност ѝ ја зголемија цената до 2,3 милијарди долари. Ова е најскапата градба во Лас Вегас досега, бидејќи стадионот на рагби-клубот Рајдерс чинеше 1,9 милијарди долари. И надворешноста на куполата, според многумина, изгледа привлечно и спектакуларно, но главната атракција е всушност нејзината внатрешност. Можеби најзанимлив елемент е внатрешниот „16К-ЛЕД“ екран што го опкружува просторот. Зданието е наменето „за забава во живо со затворен екран“ и има за цел – ново ниво во концертните искуства и кино-ефектите.

Џејмс Долан и Дејвид Дибл од „МСГ“ за списанието „Ролинг стоун“ изјавија дека целта е да се создаде виртуелно-реално искуство „без очила“. Дел од куполата е и уникатен систем од 164.000 звучници, што ќе може да издвои одредени звуци, или дури и да ги ограничи на делови од публиката. Така, на пр., еден дел од публиката ќе може да слушне дијалог само на шпански јазик.



1 view

Comments


bottom of page