Снукер ѕвезда се извлече од пораз во невообичаен дуел со поранешна партнерка
17.08.2021 Avgust Vtornik
Снукер ѕвездата Марк Ален едвај избегна пораз во невообичаениот дуел кој го имаш на Британското првенство во Лестер.
Играчот од Северна Ирска се соочи со својата поранешна партнерка Рене Еванс и мораше да прави пресврт од загубена позиција за триумф од 3:2.
Ален и Еванс не се во добри односи по разделбата и тоа им беше јасно и на снукер фановите, па затоа со нетрпение се очекуваше нивното соочување, кое започна со одбивањето на Еванс за карактеристичниот „ковид поздрав“ со Ален.
Дамата водела со 2:1 и имала предност од 60-22 во четвртиот фрејм, но Ален успеал да го спаси истиот, а потоа направил пресврт за победа од 3:2.
Еванс е повеќекратен снукер шампион во женска конкуренција, а доби двегодишна вајдл-карта за настап на машките турнири.
Comments