top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Снимањето на „Невозможна мисија 7“ повторно прекинато

04.06.2021 Juni Petok

Снимањето во Велика Британија на „Мисија: невозможно“, најновиот од акционата сага, е прекинато две недели откако некои луѓе кои работат на филмот имале позитивен тест за коронавирус, соопшти „Парамаунт пикчрс“ во четвртокот. Филмското студио не соопшти кој или колку луѓе биле позитивни на тестот, но британскиот весник „Сан“ објави дека sвездата Том Круз не е меѓу нив. „Привремено ја запревме продукцијата на Mission: Impossible 7 до 14 јуни поради позитивни резултати од тестот за коронавирус во текот на рутинско испитување. Ние ги следиме сите протоколи за безбедност и ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата”, се вели во соопштението на „Парамаунт“. Весникот „Сан“, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека 14 членови на продукцијата биле позитивни на тестот по снимањето на сцена во ноќен клуб, и дека Круз, како и другите луѓе кои работат на сетот, ќе мора да се самоизолира 14 дена. „Невозможна мисија“ е меѓу најголемите франшизи во Холивуд. Седмиот филм во серијалот беше еден од првите филмови што ја прекинаа продукцијата поради пандемијата. Снимањето во Венеција, Италија, беше откажано во февруари 2020 година.



3 views

Comments


bottom of page