Снимањето на Rust ќе продолжи со Алек Болдвин во главната улога
Снимањето на вестернот Rust ќе продолжи оваа пролет, а Алек Болдвин, кој воедно е и продуцент, останува во главната улога, објавија американски медиуми. Веста доаѓа откако Болдвин беше обвинет по две точки од обвинението за убиство од небрежност во рамките на истрагата за фаталниот инцидент во Ново Мексико во кој снимателката Халина Хачинс го загуби животот. На филмот ќе работат нови и стари членови на екипата. Бјанка Клајн ќе ја замени покојната Хачинс. Нејзиниот вдовец Метју исто така одобрил документарен филм за неа, велат продуцентите. „Документарецот – снимен по налог на извршниот продуцент, господин Хачинс, и со негов благослов и поддршка – ќе го истражи животот на госпоѓа Хачинс и нејзината завршна работа, вклучувајќи го и крајот на филмот“, истакнаа продуцентите. Болдвин вежбал сцена кога испукал куршум, кој ја усмрти 42-годишната Украинка на ранч во близина на Санте Фе, Ново Мексико, во октомври 2021 година.
Comments