Смилковски пред настапот на ЕП: Барам само една работа од играчите
- Aleksandar Santovski
- Jul 11, 2024
- 2 min read
11.07.2024 juli Cetvrtok
Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ја очекува настап на Европско првенство во Полска, собир на најдобрите селекции на стариот континет закажан за 13. до 21. јули.
Нашите таленти се во навистина тешка група со Шпанија, Турција и Белгија, меѓутоа селекторот Боро Смилковски е убеден дека ќе се претставиме во најдобро светло и дека ќе ја оствариме главната цел, опстанок во ‘А’ дивизијата.
-Успешно затворивме мини-циклус на подготовки во кој одигравме и шест пријателски натпревари. Задоволни сме од сработеното, играчите максимално посветени ги одработија овие подготовки и како стручен штаб сме навистина сме благодарни за нивната доверба во нашата работа. Проблемите со повреди полека ги надминавме, со исклучок на повредата на нашиот Метин Саити, играч чија енергија навистина ќе ни недостасува, како на теренот, така и во соблекувалната. Неговото место ќе го пополни талентираниот Марко Луканоски, а конечниот список на патници го утврдивме буквално пред заминувањето за Полска. Наша констатација е дека физички и техничко-тактички сме спремни за турнирот
-Свесни сме за тежината на националниот дрес и што тоа значи да си меѓу избраните да ја претставуваш својата држава. Ветуваме дека ке го дадеме својот максимум, да покажеме дека можеме да играме добра кошарка. Да бидеме најдобрата верзија од себе е се што барам од играчите, сметам дека тоа е доволно да ја постигнеме нашата цел, а тоа е опстанок во ‘А’ дивизијата. Тоа е и нашата одговорност кон идната генерација што доаѓа, -порача Смилковски.
Ова е составот со кој ќе настапиме во Гдиња:
Андреј Шошкиќ бек 190 см
Михаил Стојанов плејмејкер 184 см
Ненад Јовановиќ плејмејкер 182 см
Лука Димитриевски плејмејкер 184 см
Петар Бошалески бек 196 см
Грегориј Јакимовски крило 195 см
Никола Бојчев крило 194 см
Тома Стојаноски крилен центар 200 см
Павел Иванов крилен центар 203 см
Теодор Симиќ центар 215 см
Марко Луканоски центар 208 см
Ангел Кечовски бек 186 см
Commenti