Смарт се врати во тимот, го легна противникот на земја и донесе брејк за Бостон
Маркус Смарт има огромно значење во ротацијата на Бостон, а тоа најдобро се виде и рано утрово на натпреварот во Мајами, на кој Селтикси успеаја да направат брејк и да израмнат на 1:1. Поради повреда на стапалото, Смарт го пропушти првиот меч од финалната серија на Истокот, но сега се врати во тимот и му помогна на Бостон да стигне до многу значајна победа, недозволувајќи му на Мајами да се одлепи на 2:0 по двата натпревари на домашен терен. Селтикси својата неверојатна шутерска ноќ ја најавија на крајот на првата четвртина кога направија серија од 17:0, а потоа во вториот период само потврдија дека не се шегуваат и веќе имаа огромна предност на полувреме. Гостите од „Ти-Ди Гарден“ продолжија да го зголемуваат водството и во четвратата четвртина имаа и највисока предност од 34 поени, но на крајот малку попуштија и славеа со конечни 102:127. Повратникот Смарт за малку не стигна до трипл-дабл и мечот го заврши со 24 поени, 9 скокови и 12 асистенции, а на ниво беа и другите две големи ѕвезди на Бостон. Браунф уфрли исто така 24 поени, додека Тејтум беше најефикасен со 27 поени. Во поразениот тим, Џими Батлер немаше преголема поддршка и неговите 29 поени немаа никаков позначаен ефект на резултатот. Серијата сега се сели во Бостон каде ќе се одиграат два натпревари на 22-ри и 24-ти, по што сигурно ќе гледаме најмалку уште еден меч во Мајами.
Comments