top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Случај „Кока-Кола“: УЕФА најави казни за поместување на пијалоците на пресовите

Updated: Jun 19, 2021


19.06.2021 Juni Sabota

УЕФА ги предупреди фудбалските репрезентации кои учествуваат на Европското првенство дека ќе заработат казни ако нивните претставници ги поместуваат пијалоците кои ги обезбедуваат спонзорите на официјалните прес-конференции.

Трендот го започна Кристијано Роналдо со отстранување на шишиња кока-кола, додека Пол Погба тргна пиво кое беше во негова близина, а УЕФА сака да стави крај на новиот тренд додека работите не излегла од контрола.

– УЕФА ги потсетува учесниците на ЕП дека партнерствата со спонзорите се составен дел од реализацијата на еден ваков турнир и желбат да се помогне во развојот на фудбалот во Европа, вклучувајќи ги младинските категории и женскиот фудбал, – порачаа организаторите на Европското првенство.

Претставници на Европската федерација велат дека фудбалерите нема да добијат индивидуални казни, но со таквите потези може да иницираат дисциплинска постапка поради која федерациите ќе бидат казнети парично.

Оттаму потсетуваат дека секој учесник има потпишано договор и во него потврдува дека ќе ги исполнува обврските кон официјалните спонзори.


0 views

Comments


bottom of page